
Целокупни дела на блаже конески
критичко издание
Првите шест тома од целокупните дела на Блаже Конески го опфаќаат неговото книжевно-уметничко и книжевно-научно творештво: Поезија 1, Поезија 2, Препеви, Проза,
Есеи и Македонскиот 19 век. Иницијатор и раководител на научно-истражувачкиот проект на МАНУ „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески“
беше академик Милан Ѓурчинов (1928-2018).
Со том 7 започнува лингвистичкиот дел од творештвото на Блаже Конески, а раководител на Проектот и главен уредник/редактор на томовите е академик Катица Ќулавкова.
***
Овде се претставени дигиталните верзии на објавените томови од „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески“ од страна на МАНУ и тие можат да се користат
единствено за научни цели.